Костовски: Нови градинки, модерни паркови и игралишта во Бутел

 

Бутел е бастион на Македонија, тука живеат чесни и храбри луѓе со високо изградено национално чувство и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ никогаш не доживеала пораз и бутелчани препознава кои ги штити интересите на македонскиот народ, изјави на синоќешниот митинг во Бутел кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски.

-Да ја сакаш Македонија значи да се трудиш од неа да направиш поубаво и посигурно место за живеење. Бутел особено го заслужува тоа, тука сум роден и тука ќе живеам засекогаш и како иден градоначалник без штедење ќе дадам се од себе да го направам подостојно место за живеење. Ова е мојата програма и визија за Бутел, модерна програма која е остварлива и содржи 88 проекти за Бутел, „Нова Ера“ за нашиот Бутел. Дел од проектите се изградба на два ултра модерни паркови, со фонтани, клупи и шеталишта. Заедно со градот Скопје целосно ќе го разелениме коритото и кејот на реката Серава, ќе изградиме две нови градинки, жителите ќе добијат и нова поликлиника во Бутел, а нашата програма содржи и 20 проекти наменети за спорт, а дел од нив се следни: Во секое населено место ќе се изградат игралишта како и фитнес зони, а ќе се изгради и спортска сала во Бутел 2, истакна Костовски.

 

Тој додаде дека ќе имаа и посебни проекти за лицата со посебни потреби во спортот.

-Ќе се изградат и фекални канализации во индустриските зони Расадник и Љуботенски пат, а ќе се доврши фекалната канализација во Љубанци, а ќе се асфалтираат и сите неасфалтирани улички. Максимално ќе се вложам да се реши проблемот и во Кучевичка Бара, за „Нова Ера“ во Бутел, рече Костовски.

Тој ги повика сите да гласаат за советничката листа на Бутел како и за градоначалникот на градот Скопје Коце Трајановски.

 

 

 

30.09.2017 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега