Тилев: Нов парк ќе го разубавува Охрид, во него ќе има и парк за миленици

 

Охриѓаните сакаат чист воздух, паркови и зеленила. Ние ќе продолжиме со задржување на чистата животна средина, истакна Митко Тилев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид.

-Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување  на јавните паркови и зеленила резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на охриѓани и туристите од сите возрасни групи. Со нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на нашиот град. Изградбата на новите пешачки патеки од мостот кај хотел Парк и до Билјанини извори несомнено наметнаа потреба на просторот од пресекот на улиците Кеј Македонија АСНОМ до ресторанот Котва да се изгради нов парк со содржини од кои гостите и охриѓани ќе поминуваат дел од своето време. Модерно хортикултурно уреден простор, опремен со клупи за одмор и релаксација, како и чешми во автентичен стил. Во рамките на овој парк ќе има парк за миленици, најави Тилев.

 

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид најави нов проект чија цел е разубавување на делот околу Охридското Езеро.

 

 

 

29.09.2017 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега