Стојаноска ги претстави проектите за населбите Малеарди, Млаки и Дутлок

 

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата „за подобра Македонија“, Дафина Стојаноска, најави дел од предвидените проекти во населбите Млаки и Малеарди.

– Во овој дел на градот предвидуваме реновирање на фасадите на старите згради во Малеарди, нов кружен тек на крајот од булеварот „Браќа Ѓиноски“, поставување канализација во населбата Млаки и доасфалтирање на улици во оваа населба, потенцираше Стојаноска.

Средби со граѓани, денес Стојаноска заедно со сопратијците ќе има со граѓанитеи  во населбата Дутлок.

Таму, како што истакна на прес-конференцијата ќе бидат претставени проектите за хортикултурно уредување на парковите и заштита од узурпација на зеленилото, доуредување на кејот на Вардар, реконструкција на спортската сала во средното економско училиште, велосипедска патека по кејот на Вардар и реконстрструкција на повеќе улици. 

 

 

 

29.09.2017 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега