Јакимовски: ГРОМ подготвена за избори

Стевчо Јакимовски, претседателот на новоформираната партија ГРОМ во изјава за Курир вели дека е подготвен да оди на евентуални предвремени избори

-Ние сите овие 90 дена работевме на организација на партијата. Ни преостанува само формалната регистрација на ГРОМ и ќе одиме на избори, вели Јакимовски за Курир.

Дури и да се случат во најбрзиот рок предложен од премиерот, на 13-ти октомври, партијата на Јакимовски ќе биде дел од предвремените парламентарни избори.

25.08.2013 - 13:10