Јакимовски: Паркирањето во Карпош и понатаму ќе биде бесплатно

 

Изградба на нови монтажни паркинзи за жителите од урбаната заедница Карпош 1, денеска најави кандидатот за градоначалник на општина Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

– Паркирањето во Карпош и понатаму ќе биде бесплатно. Токму затоа, на оваа локација ќе поставиме монтажни паркинг платформи, каде станарите од трите згради на улиците „Гиго Михајловски“ број 10, булеварот „Рузвелтова“ број 63 и улицата „Орце Николов“ број 153 ќе можат слободно да ги паркираат своите автомобили. Наменскиот паркинг ќе биде со зголемен капацитет на три нивоа: подрум, приземје и катна платформа, изјави Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ посочи дека станарите од овие три станбени објекти имаат сериозен проблем со наоѓање на слободно паркинг место, бидејќи како што рече жителите од општина Центар ги паркираат своите возила на оваа локација.

– Советувајќи се со стручните лица, донесовме решение со кое ќе го надминеме конкретниов проблем. За таа цел, на самиот влез од булеварот „Рузвелтова“ број 63 кон улицата „Гиго Михајловски“ број 10 ќе поставиме паркинг-рампа со далечински управувач, кој ќе го користат станарите од овие згради, изјави Јакимовски.

 

 

 

28.09.2017 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега