Црн ден на македонските патишта: Жена починала во сообраќајка а маж се бори за живот

 

Вчера во 13 часот 30 минути  на улица  „Тачовска“ во Македонска Каменица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од 32- годишниот Д.С од Македонска Каменица и патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55- годишниот  Д.К од Македонска Каменица. 

Во незгодата од здобиените повреди 75- годишната Д.К. од Македонска Каменица, сопатничка во возилото „Фолксваген Поло“, починала на местото на настанот.

 Возачот од истото возило, Д.С. се здобил со расекотини на главата и бил пренесен во Медицински центар Штип. 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Македонска Каменица.

 

 

 

 

27.09.2017 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега