Чадиев: Ќе реконструираме 47 улици, Велес ќе го направиме подобро место за живеење
Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за општина Велес, Славчо Чадиев, заедно со дел од кандидатите за советници, денес промовираа дел од проектите во делот на инфраструктурата што ќе ги реализираат во наредниот период.
-Изградбата на патиштата и улиците низ градот се од суштинско значење за обезбедување на квалитетен живот на граѓаните и економски раст и развој на општината. Токму заради тоа во изминатиот период силно инвестиравме во оваа сфера, реализиравме конкретни проекти и остваривме дела кои можат да ги видат сите велешани. Вложувањата во комуналната инфраструктура за мене, кандидатите за советници и целиот мојот тим и понатаму остануваат врвен приоритет. Во таа насока сакам да информирам дека и во новата програма предвидуваме голем број конкретни проекти преку кои вложувањата во инфраструктурата ќе бидат уште посилни. Се заложуваме за изградба на нови патишта и реконструција на улиците, се’ со цел на граѓаните да обезбедиме квалитетен живот – со ваша поддршка драги Велешани тоа и ќе го направиме! Затоа, сакам да информирам дека во наредниот период ќе реконструираме 47 улици во општината и ќе извршиме уредување на тротоари на најмалку пет улици низ градот. Вкупната инвестиција за овие проекти изнесува 61 милион и 100 илјади денари средства што ќе бидат обезбедени од Буџетот на општината, истакна Чадиев пред велешани.
Тој информираше кои улици ќе се реконструираат:
- Улица „Богдан Прличков” со потпорен ѕид – населба Којник
- Улица „Орце Мартинов” – населба Болнички Дол
- Улица „Игманска” – населба Болнички Дол
- Улица „Сараевска” (крак) – населба Болнички Дол
- Улица во населбата „Хабитат” – населба Тунел
- Две улици (главна и споредба) во Населбата „Превалец”
- Улица „Васа Кошулчева”
- Патеки во Населбата „УЗУС”
- Две улици во Населбата „Речани 2”
- Улицa во Населбата „Дурутовец”
- Улицa во населба „Весела Долина”
- Две улици во Населбата „Каменот”
- Улица „Ѓорги Димитров” – населба Прцорек
- Улица „Маца Овчарова” – населба Поток и Соколаана
- Улица „Вера Циривири” – населба Поток
- Улица „Кресненско востание” – Соколаана
- Улица „Тодор Јанев” – МЗ Димитрија Чуповски
- Улица „Максим Горки” со потпорен ѕид – населба Мегдан
- Три улици во Населбата „Дворови” (кај Детската градинка, ул.„Благој Нечев”, улица до железничката пруга)
- Улица „Кукушка” – населба „Дворови“
- Улица „Коле Цветков” (oд спој со улица „Благој Кирков” до крај) – населба Црна Џамија
- Улица помеѓу ул „Петре Алчев” и ул. „Васил Ѓоргов” – населба Болнички Дол
- Улица „Рилски Конгрес” (oд почетокот до спој со улица ,,Љубљанска”) – УЗ Димитрија Чуповски
- Улица „Ризо Ризов” – населба Болнички Дол
- Улица „Даре Џамбаз” – населба Болнички Дол
- Улица „Шефки Сали” (oд Шумско стопанство „Бабуна” до „Карпа Маале”)
- Дел од улица „Богдан Каракостев” – населба Прцорек
- Улица „Питу Гули” – населба Којник
- Улица „Камка Тоцинова” – населба Керамидна
- Улица „Павел Шатев“ – населба Керамидна
- Санирање на асфалтни нерамнинини
- Пешачка патека до Општа Болница
- Уредување на спојот на ул.Ѓорѓи Војтеш со ул.Борис Трајковски – Нова Населба
- Уредување на улица Христо Татарчев со ул.индустриска кај Брако Петрол и Пролет комерц
Во населените места ќе бидат реконструирани и изградени:
- Улица во село Караслари (до гробишта)
- Две улици во село Отовица
- Две улици во Башино Село
- Улица во село Сујаклари
- Две улици во село Иванковци
- Улици во село Црквино (центар на селото)
- Улица во село Раштани
Исто така за да се олесни движењето на пешаците, а улиците да добијат една функционална целина ќе се реконструираат и уредат тротоари на следните улици:
- Тротоар на улица „Лазо Осмаков”
- Тротоар на улица „Благој Ѓорев” (од поранешен „Офицерски дом” до зградата на „Пошта”)
- Тротоари на улица „Андон шурков” (од мостот кај бензинската „Црна река” до ССОУ „Коле Неделковски”)
- Улица „Вардарска” (тротоар во населбата „Шорка”)
- Тротоар на улицата „Aкадемик Пенчо Давчев” во населбата „Речани” (поранешна улица „Скопски пат”)
-Во програмата предвидовме и изградба и на реконструкција на пат до село Сливник во должина од 5,2 километри и пат до село Новачани во должина од 500 метри. Вкупната инвестиција за овие проекти е 36 милиони денари, а за нивна реализација општината ќе аплицира за добивање средства од Буџетот на Република Македонија. За овие проекти веќе имаме обезбедено целосна проектна документација. Нема да бидат заборавени ниту високите делови на градот и сите останати места каде се јавува потреба од изградба на потпорни ѕидови. Се со цел да овозможиме безбедност на граѓаните ќе продолжиме со интервенции и помош на секаде каде се јавува потреба од изградба на вакви ѕидови. Имаме програма, имаме јасна визија и цел како Велес да го направиме подобро место за живеење. Ве уверувам дека ветеното ќе го реализираме, секој проект, секој ветен збор ќе го оддржиме. Умееме тоа да го сториме и вие тоа добро го знаете. Со ваша поддршка, заеднички ќе продолжиме да го развиваме Велес како просперитетна, развиена и современа општина, истакна Чадиев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа