Заев: Ќе има живот и на локално ниво, ќе се живее и во секое село и во секој град
Од Америка доаѓам во Демир Хисар и ќе ви порачам, Македонија ја вративме повторно на шини, Македонија оди напред! Ќе има живот и на локално ниво, ќе се живее и во секое село и во секој град.“ порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првото обраќање во Демир Хисар од каде што централниот караван на СДСМ ја стартуваше кампањата за локалните избори.
– Покажавме дека граѓаните се нашата движечка енергија. Покажавме дека Владата може да биде услужна и достапна за граѓаните. Парите ги враќаме кај вас граѓаните. Да продолжиме да работиме заедно за во сечиј дом да бидат видливи резултатите од промените.,повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој ги објасни четирите столба на коишто се потпира програмата на СДСМ, за општините, градење по план, чиста вода и чист воздух, повеќе пари кај граѓаните, услужна и отворена општина за сите.
– Ова не се обични локални избори на кои се гласа само за градоначалник и совет во општините. Ова се избори на кои одлучуваме како ќе продолжиме.Ве повикувам на 15 октомври да го заокружите бројот 19 за живот во општина Демир Хисар за сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првиот митинг од кампањата за локалните избори во Демир Хисар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа