Груевски: Ниту е прифатено уставно прекршување, ниту комисијата запна кај новинарите

 

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како невистини ги оцени информациите дека во преговорите во ад-хок Комисијата за случувањата од 24 декември прифатиле одговорност за кршење на Уставот при отстранувањето на пратениците од собраниската сала

- Не е точно дека сме прифатиле одговорност за уставно прекршување од наша страна со изнесувањето на пратениците. Тактивите информации се веројатно со цел за решавање на внатрешните струи во СДСМ, за да се покаже дека ете тие што преговарале се грижеле за пратениците, па нешто измислувале. Не гледам друга причина заради тоа, истакна Груевски.

Не се вистинити ниту информациите на СДСМ дека Комисијата не можела да постигне договор за случувањата со новинарите.

-Ние понудивме најмалку 20 алтернативни решенија кои беа коректни кон новинарите и кон сите за решение на тоа прашање. СДСМ не прифати ниту едно. Потоа лифтеруваше лажни информации дека сме запнале таму, со цел да им се додворува на новинарите и да прикаже некоја ситуација која нив им одговара, рече Груевски.

Комисијата не постигна договор бидејќи неможеше да се донесе одлука по повеќе прашања, а не по она за новинарите како што рекоа опозиционерите.

25.08.2013 - 10:54

најчитано сега