Алексовски: Во Крива Паланка се реализираа многу проекти, ќе продолжам со истото темпо
По низа спроведени проекти и исполнети ветувања, Арсенчо Алексовски уште еднаш ќе ја побара довербата од граѓаните на претстојните избори како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Крива Паланка.
-Се реализираа многу проекти. Она што некогаш беше мисловна именка, го завршивме. Откако знам за мене водоводот Висока зона беше проблем на овој град и јас го решив овој проблем.Направивме уште еден пат до манастирот, направивме многу спортски објекти, цела Конопница ја асфалтиравме. Асфалтиравме бројни улици и патишта. Сметам дека нашите политички противници нема да имаат што да напишат во програмата дека ќе асфалтираат. Нас ни останува уште нешто и тоа ќе го завршиме, истакна тој.
Алексовски смета дека ја заслужува поддршката поради тоа што досега го има направено за градот и ветува дека со истото темпо ќе продолжи и понатаму да работи.
Тој потенцира дека со голема помош од Владата на ВМРО-ДПМНЕ направиле Крива Паланка да ја смени личната карта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа