Бугарка се удави при обид да го собори Гинисовиот рекорд во нуркање

Т.Б од Бугарија го загуби животот на Халкидики, во својот обид да го собори Гинисовиот рекорд во нуркање.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, немилиот настан се случил близу Порто Карас. Средовечната се удавила додека нуркала заедно со нејзиниот 47-годишен сопруг, кој е префрлен со хеликоптер во болница во Солун.

По онесвестувањето, жртвата потонала на 60 метри длабочина.

Балабанова и нејзиниот сопруг имале пливачка школа.

 

 

 

 

25.09.2017 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега