„Не се поздравив со него“ - сопругата на Љубиша ги опишала последните часови на славниот актер

Мирјана Самарџиќ, вдовицата на Љубиша Самарџиќ, смогнала сила и опишала како изгледал последниот ден на славниот актер.

Мирјана во тага констатирала дека не се поздравила со Љубиша, како и дека и таа и нивната ќерка до последен момент биле заедно со актерот.

-Беше дена како и секој друг, многу ми е жал што не можеше да зборува, па немавме вербална комуникација. Само слушавме музика, бидејќи можеше по нешто да слушне, но пред крајот веќе ни не слушаше. Затоа ми остана чудно чувство дека не се ни поздравив со него. Се разделивме така што до последен момент јас и нашата ќерка седевме покрај него. Потоа излеговме на половина час и ни беше јавено дека починал - изјавила Мирјана Самарџќ и опишала дека тој исклучително многу сакал да слуша класична музика.

Единствено негово движење било додека во еден момент успеал соедната рака да диригира во тактот од музиката.

Foto: Youtube printscreen/MontenegrOnline Crnogorski Youtube Kanal
 
 

-До последен ден со него шетав и се грижев за него на еден посебен начин. Кога се грижите за некој со љубов, тогаш тоа е нешто што е може да се опише. Можете да мислите само како е кога некој заминува, а вие не знаете што да правите во тој момент. И гледате како некој заминува, некој кој го сакате 53 години. Претчувствував, така и изгледаше. Синот ни почина на сличен начин. убиша боледуваше долго и смртта не дојде изненадно. Тоа е една агонија која траеше - заклучила Мирјана.

 

 

 

24.09.2017 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега