Збогум лето: Од четврток доаѓа студен бран - температурите се спуштатт блиску до нулата

Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, на места проследен со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, на места ќе достигнува брзина до околу 65 км/час.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 15 а максималната 22 до 33 степени.

Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се движи околу 10 степени а максималната околу 28.

Од четврток доаѓа студен бран во Македонија. Времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер.

 

Дневната температура значително ќе опадне за околу 10 тина степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури.

На планините може да се очекуваат и првите негативни температури, а околу нулата ќе бидат температурите во градовите кои се на поголема надморска висина.

 

 

 

19.09.2017 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега