Блаже од Ѓорче Петров е млад генијалец - Македонија горда

Младиот и талентиран математичар-генијалец Блаже Суклевски од 8 одделение од ОУ „Тихомир Милошевски“ е првопласиран од Македонија кој зема учество на најпрестижниот интернационален натпревар од областа на геометријата Иранска геометриска олимпијада – ИГО.

За Република Македонија натпреварот се одржа на Машински факултет во Скопје каде беше придружуван од неговиот ментор професорката Анкица Спасова.

 

-Нашиот математичар Блаже Суклевски влезе во најтесниот избор на Светско ниво за златен, сребрен или бронзен медал. Резултатите ќе бидат проследени до интернационалната  комисијата за прегледување во Иран и после еден месец ќе бидеме известени за истите, истакна менторката Спасова.

На натпреварот во Иран учество зедоа најдобрите математичари од 44 држави во светот од што може да се согледаат придобивките за ученикот, менторот, училиштето, општината и државата, кои сите во целина се промовираат од ваквите наши македонски таленти.

Ова беше нов предизвик за осмодделенецот Блаже Суклевски кој покажа убедливо најдобри резултати пред неговите врсници. Овој млад математичар и досега се закитувал со медали од општински, регионални и државни натпревари.

Младиот Блаже годинава има освоено и прва награда на државниот натпревар по математика кој се одржа на Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид.  Со титулата најдобар математичар само ја докажа својата супериорност во познавање на оваа природна наука.

 

 

 

12.09.2017 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега