Видео: Пожарникарите и силниот дожд го изгаснаа големиот пожар во Охрид

Со брзата интервенција на Територијалната единица за противпожарна заштита од Охрид, како и со помош на силниот дожд кој го зафати Охрид, изгаснат е пожарот кој избувна во дворот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“ во Охрид.

Огнот зафатил нискостеблести растенија, трева и неколку борови стебла во дворот на касарната, а поради брзиот ветер со силна брзина се ширеше низ просторот на касарната.

Жителите на куќите во непосредна близина до касарната помагаа во гаснењето на пожарот, а дел од нив ги напуштија домовите од страв од ширењето на огнот.

Нема информации за причината за пожарот, но најверојатно се работи за човечки фактор.

 

 

 

 

 

11.09.2017 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега