Фото: Страшна сцена утринава во Дебар маало - автомобил удри во бандера

Сообраќајна незгода се случила утринава во Дебар Маало, а две лица се префрлени на Ургентен.

Од фотографиите може да се види дека, автомобил од марката „Тојота“ удрил во улична канделабра, по што истата паднала и го оштетила тој, но и друг автомобил од марката „Киа“.

Од МВР велат дека сообраќајна несреќа била пријавена околу 6:50 часот утрово на улицата „Орце Николов“, а две лица се префрлени во Ургентен центар.

Увидот е во тек, а повеќе информации се најавуваат за подоцна.

Извор: Курир.мк

 

 

 

09.09.2017 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега