Жена тешко повредена откако ја прегазил автомобил

Педесет и шест годишната М.Р. од Битола со тешки повреди е пренесена и задржана на лекување со битолската болница откако во неа удрил автомобил.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила вчера околу 19:10 часот на булеварот „1 Мај“ во Битола кога автомобил „Опел Корса“ управуван од 71 годишниот битолчанец Д.Д. удрил во жената која се здобила со тешки повреди.

Полициски екипи на местото на настанот извршиле увид.

 

 

 

06.09.2017 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа