Фото: Седум лица меѓу кои тримесечно бебе повредени во сообраќајка на патарината Глумово

Сообраќајна несреќа во која 7 лица се повредени, се случи денес околу 13 часот кај наплатната рампа Глумово на автопатот Тетово-Скопје.

Првичните информации од полицијата велат дека возило „Пежо Боксер“ со скопски регистарски табличи удрило во комбе со албански ознаки и во кабина за наплата на патарината.

Во несреќата повредени се 7 лица меѓу кои и едно дете кои се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Дел од медиумите пишуваат дека меѓу повредените е вработен на патарината, како и 3-месечно бебе, но засега нема официјална потврда за овие информации.

 

 

 

05.09.2017 - 17:02
Фото: 
Ѕид на сообраќајниот срам

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега