Тешка несреќа на патот Неготино-Гевгелија, двајца во болница - се слушаат сирени, сообраќајот пренасочен

Маж и жена се здобиле со тешки телесни повреди кога утринава возилото со кое се превезувале излетало од автопатот Неготино – Гевгелија.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека возилото било со унгарски регистраски таблички, а повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Незгодата се случила кај тунелите кај Демир Капија околу 7 часот.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на автопатот Неготино – Гевгелија е во прекин за товарни возила, а за патнички возила се одвива со наизменично пуштање.

 

 

 

05.09.2017 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега