Драма во кафеана во тетовско: Сопственикот ги нападнал пејачките откако побарале да им плати за настапот

Две пејачки и љубовник на едната од нив, биле нападнати од сопственик на угостителски објект покрај стариот пат Тетово-Скопје, како и од вработен во локалот, откако од газдата побарале да бидат исплатени за ангажманот.

Инцидентот се случил утринава околу 4 часот, по што 45-годишната Б.З. од Скопје, заедно со нејзиниот невенчан сопруг 38-годишниот Е.А. од Урошевац и пријателката 52-годишната Х.С., исто така, од Скопје случајот го пријавиле во полицијата.

-Откако Б.З. и Х.С. завршиле со пеење во објектот, Б.З. побарала од сопственикот да им исплати за нивниот ангажман, но наместо тоа тој ја фатил и почнал да ја влече за коса. Се вмешала  Х.С. со намера да ги раздели, а потоа и Е.А. Тогаш, сопственикот на објектот и вработениот се нафрлиле на Е.А. и почнале да го удираат со тупаници и клоци, од што паднал на подот. Лицата биле разделени од двајца гости кои биле во локалот, информираат од СВР Тетово.

Полицијата работи на целосно расчистување на сите поединости и на пронаоѓање на двајцата пријавени за учество во насилството.

 

 

 

04.09.2017 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега