Грција ни приреди уште еден скандал - нашите фудбалери не смеат да играат во Грција со македонски пасош
Фудбалерите кои имаат македонски пасош не можат да играат во грчките лиги - ова е најновата скандалозна уредба на Грчката влада која пристигнала до грчката фудбалска федерација и клубовите, пренесува Сител.
Тројца македонски фудбалери кои играат во пониските грчки лиги ја потврдиле оваа информација за Сител. Тие велат дека причината за уредбата е уставното име на МАкедонија во патните исправи, кое Грците барале да биде променето во ФИРОМ или Скопје. Оваа уредба, раскажуваат фудбалерите е донесена пред една недела и ги затекнала и клубовите и играчите од кои дел престојуваат во Грција со своите семејства, пренесува телевизијата.
Фудбалските клубови веднаш рееагирале до политичарите и си ангажирале адвокати. Со случајот се запознаени и ФИФА и македонската диплматска мисија.
Адвокатите и раководствата на клубовите сметаат дека ова е најсрамна одлука која била донесена во грчкиот спорт. Според нив, одлуката е расистичка и нема шанса да помине. Тие информираат дека сите македонски фудбалери во Грција имаат валидни документи, дозвола за престој и за работа а и редовно си ги подмирувале даноците и останатите обврски.
На македонските фудбалери им останува да се надеваат дека уредбата ќе се смени. Нивните адвокати им ветуваат дека ваквата одлука е нелегална и дека се ќе се среди до понеделник.