Турската полиција заплени 187 килограми хероин скриени во камион

Екипи на турската полиција за борба против шверц со дрога и организиран криминал откриле 187 килограми и 104 грама хероин при контрола на камион во округот Чорум во северниот дел на Турција.

Полицијата ја извршила контролата по претходно добиена информација. Дрогата била спакувана во 359 пакетчиња и скриена во каросеријата на камионот. Пазарната вредност на запленетиот хероин изнесува околу 2,25 милиони евра.

Камионот патувал од источниот дел на Турција кон Истанбул, а возачот е уапсен и ставен во притвор по одлука на судот.

23.08.2013 - 15:49

најчитано сега