Пациент претепан на Клиниката за Кардиологија во Скопје додека спиел

28-годишно момче веќе седум дена е на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. Семејството на Кирил Божиновски нема никакви замерки за однесувањето на персоналот и за нивната професионалност, но како што пренесува МКД.МК, вчера, во еден часот по полноќ, во болничката соба влегло лице на возраст од околу 30-35 години, син на хоспитализирано лице што се наоѓало во истата соба, и  легнал да спие на креветот помеѓу својот татко и внукот Кирил. приказната ја раскажува неговиот вујко.

Кога Кирил кој се разбудил од гласното зборување го замолил гостинот да биде потивок веднаш добил закани и на албански и на македонски јазик, а по куса препирка добил и ќотек во болничката постела. Напаѓачот почнал да се кара и со полицајците кои веднаш биле повикани, им се заканил со пиштол и избегал, пишува порталот.

Внукот е сега преместен во соба 318, каде што го продолжува лекувањето. 

 

 

 

02.09.2017 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега