Сте купувале „Биона“ ама сепак сте переле со „Факс“ - скопјанец измами илјадници купувачи
27 годишниот скопјанец Б.Р.(27) кој е одговорно лице во ДПТУ „БФС компани“ и 24 годишниот скопјанец Б.Р. успеале да измамат илјадници купувачи.
Како што информираат од полицијата, 27 годишникот со помош на неговиот другар набавил поголема количина прашок за перење „Факс“ во пакување од по девет килограми, и потоа прашокот го препакувал во картонски кутии од по 200 грама со натпис „Биона“. На кутиите била испечатена и декларација со лажна содржина.
Итриот скопјанец го продавал препакуваниот прашок во повеќе продавници.
23.08.2013 - 13:01