Радост за дечињата и родителите - поевтинуваат билетите во скопскиот „Луна-парк“

OД денеска поевтинуваат билетите за услугите во скопскиот „Луна парк“. Управата на „Луна -паркот“ одлучила за едно лице, наместо 45 да чини 30 денари, а за дете со родител цената од 60 денари паѓа на 40 денари. Блок-билетот за 10 возења останува 300 денари.

Оваа одлука е донесена поради зголемените трошоци кои ги имаат семејствата со почетокот на учебната година и праќањето на децата во градинка,  информираат од претпријатието.

23.08.2013 - 11:06
Фото: 
А1он

најчитано сега