Освен за кујната, оризот има и други намени

 

Оризот е не само вкусен и хранлив прехранбен производ. Тој може да биде уште многу други работи. За што уште можеме да го користиме оризот во домаќинството?

За чистење на мелницата за кафе

Ставете грст ориз зрна во мелница за кафе и ставете ја на брзи вртежи. Суровиот ориз има својство да ги апсорбира сите мириси и масла, кои останале по секоја употреба.

За отстранување на влагата од солта

Истурете неколку зрна ориз во соларчето. На овој начин, ако во него се задржува некакво количество влага, со оризот во солта, таа ќе се отстрани. Оризот ја собира влагата и на тој начин ја прави солта повторно лесна за попрскување.

За отстранување на влагата и од електрониката

Колкумина од вас си потуриле телефон или лаптоп со вода? Истурете 1-2 чаши суров ориз во тава. Натопете го во него натопениот уред. Ако е поголем ќе ви треба поголема количина ориз. На сличен начин како со соларчето, оризот го собира вишокот на влага во навлажнетиот уред и го враќа повторно во живот.

За отстранување на дамки од сребрени сервиси

Среброто затемнува со времето. За да ги заштитите од дамки, исчистете со ориз. Ставете го во сребрениот предмет во чинија со ориз, а тој ќе го апсорбира вишокот наслагите. Потоа едноставно измијте го сребрениот предмет со вода и влажна памучна крпа и исушете.

За спречување на ‘рѓата

Металните алатки, изложени за долго време на воздух и влага рѓосуваат. За да го спречите ова, ставете ги инструментите во кофа полна со ориз. Цело време тој ќе го собира вишокот на влага и ќе ги заштити инструментите од рѓа.

За компресии

Ако во моментов немате морска сол за компресии, оризот ја прави истата работа. Загрејте во сува тава 2 чаши ориз. Ставете ги во памучен или волнен чорап и ставете компресија на заболеното место. Чувајте, додека оризот излади.

 

 

 

29.08.2017 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега