ДИК треба да усвои извештај за увидот во избирачкиот список до 28 август

Државната изборна комисија (ДИК) одржува седница на која на дневен ред е усвојувањето на Извештај за јавниот увид во Избирачкиот список до 28 август, како и предизборниот финансиски извештај од Министерството за финансии.

Членовите на ДИК треба да донесат заклучок за изготвување нов печат на Изборната комисија на Град Скопје, а на дневен ред е и „Предлог Џебен водич“, како и разгледување на барањето за добивање овластување за набљудување на локалните избори поднесено од Цивил – Центар за слобода од Скопје.

ДИК ќе ги разгледува и барањата за неприфаќање извршување на должност претседател и заменик-член на ОИК по што треба да биде извршен случаен избор на членови на општински изборни комисии чии барања за иземање биле прифатени од Комисијата. 

 

 

 

29.08.2017 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега