Жителите преплашени селата зачадени - конечно ставен под контрола пожарот во битолско

 

Цела ноќ траела борбата со пламените јазици кои беснееа на ридот над Црнобуки и Лисолај а кои поради ветрот се проширија и кон селото Лопатица, пишува Канал 5.

Пожарот бил ставен под контрола откако во гаснењето се вклучиле и два хеликоптери на АРМ. Во моментов 90 пожарникари, лица вработени во Македонски шуми и волонтери од противпожарното друштво Пегаз дежураат на терен за да се следи состојбата.

Најголем непријател на пожарникарите вчера бил ветрот кој го проширил огнот и на борова шума на непристапен терен. Поради неможноста да се гаси со копнени сили, изгореле над 100 хектари нискостеблеста шума.

Пожарот избувна од запалена сува трева близу Црнобуки, но поради ширењето стигна и во близина на три истурени куќи во селото Лисолај, ги исплаши жителите и ги зачади локалните села.

23.08.2013 - 09:47

најчитано сега