Уште утре сончево, а потоа драстична промена

И утре времето ќе биде стабилно и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и умерен северен ветер кој повремено ќе се засилува, особено долж Повардарието.

Според УХМР, во вторник ќе настапи зголемување на облачноста што ќе биде проследено со врнежи дожд кои локално ќе бидат поројни, со засилен ветер и појава на грмежи.

И во среда ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладне. Дневните температури на воздухот ќе бидат во опаѓање за околу седум степени, а на некои места и повеќе.

Од четврток повторно следува стабилно време со постепен пораст на дневните температури. 

 

 

 

27.08.2017 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега