Скопјанец со комбе се обидел да прегази полицајци

Вчера  околу 19 часот и 45 минути во село Кадино-скопско полициски службеници од Полициското одделение-Петровец се обиделе да сопрат возило комбе натоварено со огревни дрва и управувано  од 24-годишниот  Г.М. од село Арачиново, кој на даден знак „Стоп“ не застанал и со голема брзина се движел кон село Марино. Околу 20:00 часот Г.М. бил сопрен на патот кон село Арачиново, во близина на поранешни складишта на живинарска фарма при што истиот се обидел да удри во патничко службено возило на МВР на РМ, како и да ги прегази полициските службеници откако истите излегле од возилото. На местото на настанот со патничко возило„Голф“ дошле уште три лица кои се упатиле кон полициските службеници, при што едниот од нив од службениот пиштол испукал еден куршум во воздух заради заплашување, така што лицата избегале, а Г.М. бил лишен од слобода.

Околу 20 часот и 15 минути од страна на полициски службеници биле пронајдени и лишени од слобода  23-годишниот С.М. кој го управувал автомобилот со марка „Голф“, како и 40-годишниотЕ.Е., 55-годишниот Г.М., 24-годишниот М.М. сите од село Арачиново.

Лицата и возилата се предадени во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

СВР Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

27.08.2017 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега