Седумгодишно дете се бори за живот на КАРИЛ во Битола
Вчера во 18 часот и 40 минути во Битола на улица .„Довлеџик“, се случила сообраќајна незгода во која велосипедист, дете на возраст од седум години, изгубило контрола над велосипедот и се излизгал на земјена површина.
Од падот детето се здобило со тешки телесни повреди, по што било пренесено и задржано на лекување во КАРИЛ при Клиничка Болница-Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.
26.08.2017 - 12:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа