Трагедија во Скопје: Градежен работник паднал од зграда и починал на лице место
Вчера околу 14 часот и 30 минути во Градската Болница “8-ми Септември“ бил донесен починат 55- годишниот Р.Џ од Скопје, вработен во градежна фирма „ВАМ Инжинеринг“ ДООЕЛ, кој при изведување градежни работи на улица „Мирче Оровчанец“, во станбена зграда, паднал и починал на самото место.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.
По наредба на Јавен Обвинител, телото е дадено на обдукција.
26.08.2017 - 12:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа