Страшна несреќа кај зелениот пазар во Струга: Турист паднал и си ја удрил главата
Во текот на вчерашниот ден околу 14 часот во близина на зелениот пазар во Струга, на 53-годишниот В.Л.Ј. од Кралство Холандија, додека се движел пеш, му се слошило и паднал, при што се самоповредил во пределот на главата.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил однесен во Јавна здравствена установа-Општа болница во Струга, каде му била укажана медицинска помош, по што бил испратен во Медицински центар Охрид, каде бил задржан на понатамошно лекување.
Тој бил однесен во болница во полусвесна состојба.
25.08.2017 - 14:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа