Обид за убиство во Македонија: Пензионер со нож тргна по братот

 

Кичевската полиција поднесе кривична пријава против 73-годишниот С.Р. од село Грешница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

МВР соопшти дека на 17 август околу 8 часот во селото Грешница, во неговиот двор со нож во пределот на стомакот му нанел тешка телесна повреда на братот.

Се работи за 80-годишниот Ќ.Р. кој бил ранет по расправија меѓу браќата.

 

 

 

25.08.2017 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа