Апсење на аеродромот во Скопје
Вчера во 11 часот и 30 минути на Аеродром Александар Велики-Скопје, на влез во Република Македонија, од Копенхаген-Данска, како депортиран допатувал 40- годишен Ф.Е од Скопје.
По извршената пасошка контрола и проверка било констатирано дека истиот евидирал со мерка “Апси“ по барање од Основен Суд Скопје 1 од 24.03.2016 година по што бил лишен од слобода и приведен во Полициска станица.
Во 14,00 часот,Ф.Е. бил предаден на полициски службеници од ПО-Петровец за спровод до затвор Идризово.
Истиот ден малку подоцна во 14 часот и 30 минути на Аеродром Александар Велики-Скопје, на влез во Република Македонија, од Цирих како депортиран допатувал 48- годишниот Ј.С од Скопје.
По извршената пасошка контрола и проверка било констатирано дека истиот евидирал со мерка “Апси“ по барање од Основен Суд Скопје 1, по што бил лишен од слобода, а потоа и предаден на полициски службеници од ПО-Петровец за спровод до затвор Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа