Грабеж во Битола- одземено големо количество на злато
Синоќе во 20 часот и 15 минути во Битола 59- годишниот Д.Г од Битола пријавил дека истиот ден во временскиот период од 06,45 -19,40 часот на улица „Солунска“ од страна на непознат сторител била извршена кражба во неговиот дом при што одземена е поголемо количина злато и еден пиштол марка „Црвена застава“ калибар 9 мм со една рамка од 15 куршуми.
Увид извршила увидна екипа од СВР – Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.
23.08.2017 - 12:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа