Вучиќ: Односите тешко дека ќе бидат на највисоко ниво, туку пристојни

-Знаеме сите. Нашата контарзузнавачка служба е силна, ние знаеме што се правеле, тоа е правено на многу повиско ниво. Тоа не се прави на пријатели. Но тоа го правеле некои други во регионот кои ги предупредивме тоа веќе да не го прават. Проблемот е што овде се направи една приказна во која Србија е вовлечена, а за што нема да дозвлам да биде вовлечена, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ, во интервју за РТС, одговарајќи на новинарско прашање, како ја разбира изјавата на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров дека Македонија ниту наредила ниту имала намера да прислушува.

Коментирајќи ја изјавата на српскиот министер за надворешни работи дека „знаат се“, Вучиќ го пофали и рече дека тој добро си ја заврпил работата.

-Неговата работа не е да го сакате или да не го сакате туку да ги брани интересите на Србија. И тој добро ја заврпи својата работа, рече Вучиќ за РТС.

Вучиќ призна дека примемот на Косово во Унеско нема врска со овој потег на СРбија, но сепак истакна дека знаат дека Македонија ќе гласаат за тоа.

-Тоа е јасно. Рекоа не сакаат водечка улога, но не дека нема да гласат. Јас ви кажувам ќе гласат. Дали ќе бидат предлагачи, нека остане на страна, тоа е тешка позиција за нив, истакна Вучиќ, кој тука нагласли дека односите меѓу Македонија и Србија тешко дека ќе бидат на најивисоко ниво, туку на пристојно.

Тој во интервјуто „ги потсети“ граѓаните на Србија дека нивното раководство ништо не презело кога Македонија го призна Косово, иако експертите барале да се протера македонскиот амбасадор, ниту кога бил уапсен српски владика (Вранипковски-н.з.) и држен во затвор со години, ниту кога после настаните во Собранието на 27 април, запчанала хајка против службеникот на БИА деташиеран во Скопје, Живаљевиќ, дека „е всушност одговорен за тоа што се случувало во Собранието, бидејќи тоа го правел заедно со руските служби“.

-Бидејќи им беше премногу да кажат дека токму Русите им посветиле толку многу внимание на една Македонија, тогаш мораа некако да вовлеат некој друг. Бидејќи е тешко да ги вовлечете Бугарите, Грците и Албанците, било од Косово или од Албанија ајде да ги вовлечеме оние кои немаат никакви тероторијални претензии кон Македнија и кои никогаш не направиле ништо против Македонија и тоа да биде Србија. И секако за тоа да добиеме пофали од воени сојузи и други сестрински агенции, рече Вучиќ.

-Тој човек не отиде таму сам од себе, ниту ме праша мене, ниту некој друг во нашата земја, иако нам мора да ни поднесува сметка. Тој го праша највискиот претставник на извршната власта во Македонија. Нив иректно ги прапа. Им рече: Јас сакам да бидам таму, дали имате нешто против, дали дозволувате? И тие беа целосно зпаонати со неговото присуство, рече Вучиќ без да прецизи кого тоа информирал срскиот разузнавач за да присуствува на настаните од крвавиот четврток.

Тоа потоа било искористено да се води кампања против Србија дека е во игра со некои големи сили, што нема никаква врска.

Тој додаде дека подоцна од него на самитот во Брдо кај Крањ од него било побарано да го повлече Живаљевиќ од Скопје, што Србија и го направила, но како шото рече српскиот претседател тоа потоа било искористено и за како што рече „иживување“ за обвинување дека штом го повлекуваат мора да има вина.

На крајот тој истакна дека нема причина за паника и голема грижа, бидејќи никој не сака судири, ниту ќе ги има, „но ние мора да ја чуваме државата и тоа е наша уставна обврска“.

-Втората работа е дека Србите и Македонците се два блиски и пријателски народи, независно какви им се органите на власта или расположението и се надевам тоа ќе го имаат предвид и раководството таму у овде, рече Вучиќ за РТС, додавајќи дека за некојк ден ќе биде вратен персоналот во Амбасадата, а во септември и амбасадорот.

 

 

 

 

 

22.08.2017 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега