Пожар беснее во Хрватска: Гори од Хвар до Задар, екипите на готовс

Во Хрватска има пожари од Хвар до Велебит, а огнот сериозно се приближува до Задар, јавија хрватските медиуми. 

Состојбата на некои места што се зафатени од огнената стихија во Хрватска, се уште е критична. 

Шефот на противпожарната служба на Задар, Жељко Шоша наведе дека екипите се во висока подготвеност и оти на сите опожарени места се борат со огнот. 

- Сите сме распоредени на местата со пожари, гаснеме од синоќа, пожарникарите се многу уморни, истакна Шоша.

Противпожарната служба јави дека „во целиот регион само местото Вир не е зафатени од оган“. 

- Големиот пожар што во неделата го зафати Турањ, во понеделникот се прошири до подрачјето над Врана, а состјобата не е добро поради недостапниот терен, нагласи Шоша.

 

 

 

21.08.2017 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега