Влада на РМ: Ќе ги следиме позициите на земјите од ЕУ за УНЕСКО

 
Владата ниту потврдува ниту демантира дека зад скандалот со повлекувањето на дипломатите од српската амбасада се крие намерата за позитивно гласање во однос на приемот на Косово во УНЕСКО.
Од таму нема информација ниту дали Македонија ќе биде иницијатор за прием на Косово.
 
Во одговор на новинарско прашање, преку писмен одговор, од Владата велат дека при одлуката како ќе гласаат за приемот на Косово во УНЕСКО ќе се водат од позициите на мнозинството земји членки на Европската Унија.
 
- Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји. Кога постојат отворени сензитивни прашања помеѓу два наши соседа, Владата на Република Македонија секогаш ги следи интересите на државата базирани врз принципите на добрососедство и унапредување на регионалната соработка, неутралност и немешање во споровите меѓу државите.
Во однос на гласањето за членство на Косово во УНЕСКО, Владата на РМ ќе ги има во предвид позициите на мнозинството земји членки на Европската Унија- велат во писмениот одговор од владата
Официјален Белград сеуште не соопштува детали за потегот. Српската премиерка Брнабиќ пред новинарите кусо изјави дека „не станува збор за мала работа“ меѓу двете земји и најави официјално соопштение од министерството за надворешни работи на Србија.
 

 

 

 

 

21.08.2017 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега