Додека истражувале пештера во Гостивар, наишле на хорор: Остатоци од тела, пушка, граната и што уште не

 

Вчера во 14 часот и 40 минути  во полициската станица во  Гостивар се јавил Ј.О. – претседател на спелеолошкиот клуб „Кораби“ и пријавил дека на 17.08.2017 година, додека истражувале пештера (на околу 20 метри длабочина) на место викано „Чавкарник“ во село Корито, забележале остатоци од неколку черепи и една неексплодирана граната.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, кој наредил да се изврши увид. Увидот бил извршен на вчера од страна на Јавен обвинител во содејство со полициски службеници од НК за КР Гостивар, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и од Секторот за антитероризам при УБК Гостивар.

Притоа, од дното на пештерата, на длабочина од околу 30 метри биле пронајдени и извадени дел од активирана граната од рачен фрлач, делови од човечки труп, еден долен дел од обувка, еден дел од реденик за куршуми, две чаури од патрони од ловечка пушка, повеќе парчиња облека и една запалка.

Пронајдените предмети се фотографирани и доставени за вештачење. 

 

 

 

20.08.2017 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега