Денеска е Преподобен маченик Дометијан

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 август.

Денеска е Преподобен маченик Дометијан.

Преподобен Дометијан се роди во времето на цар Константин Велики во Персија. Се роди во незнабожечко семејство, па како незнабожец и порасна. Во младоста се запозна со верата во Христа и се крсти. Наскоро се замонаши во еден манастир крај градот Низибија. По некое време се повлече во пустина, за таму да го продолжи подвигот. Толку се исчисти од гревот и страстите што Бог му даде дар да исцелува секакви маки и болести. Пострада за време на повампиреното паганство, кога во Рим царуваше отстапникот од црквата Јулијан. Самиот Јулијан на¬реди жив да го заѕидаат овој светител заедно со двајца негови ученици во пештерата во која се подвизуваа. Така пострада маченички свети Дометиј во 363 година.

 

 

 

20.08.2017 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега