Сопругот, свекрвата и деверот го кренале цело село за снаата Невена - полицијата вели ваков случај не видела

Она што се случило во Свилајнац во Србија, дефинитивно го нема ни на филмско сценарио. 

Во селото имало филмска потера, а таа завршила кога се дознало дека снаата избегала од мажот кој ја малтретирал. Имено свекрвата, сопругот, деверот ја грабнале 26-годишната Невена која избегала од куќата каде сопругот ја малтретирал.

Семејството на сопругот тргнало по неа кога дознало дека друг и понудил брак и кров над главата, а била ангажирана и полицијата.

Невена од куќата каде седела била извлечена низ прозорец, а вели дека избегала бидејќи веќе не можела да ја поднесе тортурата, па морала да ги остави и своите деца од 5 години и 17 месеци.

Момчето кое ја примило Невена вели само сакало да помогне но нема ништо со неа, бидејќи си има девојка во Австралија.

Случајот е пријавен и во Центарот за социјална работа.

 

 

 

19.08.2017 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега