Пожар во фабрика во Србија

Пожар избувна денеска во кинеската фабрика за производство на влечки „Лианхе“ во српскиот град Јагодина, јави телевизија Б92.

Во изјава за телевизијата, претседателот на општинското Собрание на Јагодина, Драган Марковиќ - Палма нагласи дека сите работници се на време евакуирани од фабриката и дека при пожарот нема повредени.

Се претпоставува дека пожарот во фабриката, која е отворена пред шест месеци, избувнал поради неисправна инсталација.

Претставник на противпожарната единица изјави дека пожарот го зафатил призводниот погон на фабриката и дека „горат репроматеријали, машини, гума и лепак“.

Поради високите температури и густиот чад пожарникарите не можат да влезат во фабричкиот погон, туку пожарот го гаснат однадвор со пена и вода.

Во гаснењето на огнот учествуваат четири противпожарни возила од Јагодина, а најавено е пристигнување и на дополнителни пожарникари од Ќуприја и Параќин.

На дЈагодина се крева густ чад, кој според пожарникарите, „предизвикува задушување“, па на жителите им е препорачано да ги затворат прозорците на своите домови. 

 

 

 

16.08.2017 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега