Трагедија на Јадранот: Се удавил пред очите на ќерката, итната помош никаде ја немало

Вистинска драма се одвивала вчера во Хрватска, кога турист од Италија пред очите на ќерка си почнал да се дави во морето, а итната помош никаде ја немало. 

Оние кои биле на плажата и во море, веднаш притрчале да помогнат и да го извадат Италијанецот, а потоа се обиделе да го реанимираат на плажата откако го извадиле од водата. 

Сведок за 24сата.хр вели дека на плажата му направиле реанимација и почнале да му го масираат срцето, но залудно, а Итната помош никаде ја немало. Сведоците тврдат, Итната помош дошла дури по 50 минути кога веќе на давеникот му немало спас.

Возачот на Итната помош бил и груб кон ќерката на Италијанецот, која знаела малку Хрватски и му рекла да побрза.

 

 

 

 

16.08.2017 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега