ВИДЕО: Што се случува со овие кучиња, здруженијата за заштита на животните се кренаа на нозе
Се претпоставува дека причината за оваа појава е загадувањето на реката со индистриски отпад.
Жителите на Мумбај останале шокирани кога на улиците во нивните град прошетале неколку кучиња обоени во сино. Тие најпрво мислеле дека некој сакал да се шегува со животните, но поодцна сфатиле дека се работи на нешто сосема деруго.
Пред да ја сменат бојата на крзното, кучињата биле влезени во локалната река Касади за да се освежат. Но, бидејќи реката е загадена кучињата добиле светла, небесносина боја.
Овој настан ги налутил властите, како и борците за правата на животните.
-Шокантно е да се види како белото крзно се претворило во сино. Забележавме речиси пет вакви кучиња и бараме од одборот за контрола да дејствува против ваквите индустрии, велат од здруженијата за заштита на животните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа