Албанија: Запленети над еден тон марихуана

Во приморксиот град Валона албанската полиција успеа да заплени над 1 тон марихуана. Истата била пронајдена при рутинска проверка на полицијата во соработка со припадниите на Гуардиа ди Финанца на полуостровот Карабурун. Дрогата била спакувана во 38 торби и била подготвена да биде прошверцувана за Италија.

Приведено е едно лице кај кое полицијата пронашла и автоматска пушка „Калашњиков“.

Полицијата работи на идентификација и на други лица вмешани во шверцот со марихуаната, чие потекло, според медиумите е од селото Лазарат, познато по производство на оваа дрога.