Кичевец со тупаници го удирал својот татко по главата

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против М.А. (22) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека пријавениот казненото дело го сторил на 16-ти минатиот месец околу 19 часот во семејниот стан во Кичево, каде настанала жестока вербална расправија со неговиот татко.

– Во момент на револт, се случила меѓусебна турканица во која, сега пријавениот со тупаница го удрил својот татко во пределот на главата. Тој веднаш бил пренесен во Општата болница во Кичево каде биле констатирани телесни повреди, изјави Димоски.

 

 

 

 

14.08.2017 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега