Вељановски: Теута Арифи веднаш да преземе мерки и да ја исчисти дивата депонија
Александар Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија истакна дека е недозволиво во современо и модерно општество Тетово да се соочува со проблемот со дивата депонија.
-Сметам дека градоначалничката треба соодветно и веднаш да преземе мерки да го тргне тој отпад и да ја исчисти депонијата од градот Тетово, истакна Вељановски.
Според него, во стариот дел на градот, каде што претежно живее македонско население, граѓаните имаат проблем со улицата Гоце Делчев зашто таа го отежнува пристапот до нивните домови и особено граѓаните не можат нормално да функционираат кога има врнежи.
-Исто така, оваа улица создава проблеми со тоа што водата често истекува во нивните дворови, визби и прави огромни штети по вредноста на имотот на граѓаните кои што живеат во овој дел на градот. Граѓаните од овој дел апелираат градоначалничката да преземе соодветни мерки, пососчи Вељановски, додавајќи дека таа иако има ветено дека ќе ја пререди коцката на оваа улица, сепак, го нема реализирано своето ветување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа