Патарините во Македонија ќе добијат автоматски рампи
Македонија ќе добие автоматски рампи на патарините. Како што објавува 24 Вести, Јавното претпријатие за државни патишта склучило договор со фирмата „Ассеко сее дооел“ – Скопје во вредност од 110 илјади евра за набавка на автоматски стоп рампи.
Првиот тендер бил поништен бидејќи фирмата носител не иг испочитувала предвидените рокови за преземената обврска, па договорот бил раскинат.
На вториот јавен повик се пријавиле две фирми и изборот е направен на електронска аукција.
22.08.2013 - 09:59
Фото:
нова македонија