Градоначалникот Захариев вработи бездомник
Штипскиот градоначалник Илчо Захариев, го посети бездомникот Фејзула Азисов, за кој медиумите информираа дека останал без покрив над глава и со него разговараше за негов работен ангажман.
Захариев го посети Азисов кој спие кај една од штипските перални за автомобили воштипската населба Сењак, за со него да ги разгледа можностите за конкретна поддршка, кој ќе му овозможи на Азисов да добива средства со кои ќе се издржува и ќе си обезбеди покрив над главата.
Градоначалникот Захариев информираше дека во идниот период Азисов ќе биде ангажиран околу расчистувањето на коритото на река Брегалница и за тоа ќе добива соодветен надомест, како ангажиран работник во јавните работи. Надоместот кој ќе го добива за почеток, ќе му овозможат услови да обезбеди покрив над глава и средства за исхрана.